Octenisept® е современ антисептик кој до сега најдобро ги исполнува барањата за идеален антисептик. Претставува уникатна комбинација на октенидин и феноксиетанол со сеопфатно, брзо и сигурно антимикробно делување и одличен безбедносен профил.

  • Сепфатно, брзо и сигурно антимикробно делување - бактерии (MRSA, S. aureus, Streptococcus Pyogenes, Streptococcus agalacttiae, α - haem. Streptococcus, Enterococcus faecium, Enterococcus faecalis, E.coli, P.mirabilis, P.aeruginosa, G.vaginalis, N.Gonorrhoeae, Chlamydia trachomatis, M.hominis, U.urealyticum и др.); вируси (Herpes simplex, Hepatitis B, Hepatitis C, HIV);протозоа (T. vaginalis, T. gallina и др.); габички (C.albicans, Non-candida spc, T. Metagrophytes, T.rubrum, M. gypseum, Epidermophyton floccosum и др).
  • Одличен безбедносен профил - Продолжено дејство од 24 часа; Не се ресорбира и нема системски несакани ефекти; Не постои опасност од развој на резистенција; Не формира цитотоксични комплекси на местото на делување; Ја помага гранулацијата; Не предизвикува несакани ефекти врз микроциркулацијата; Многу добра подносливост со кожа, мукозни мембрани и ткива; Оптимално влажнење на мукозната мембрана; Не ја губи ефективноста во присуство на крв и слуз; Може да се користи во сите фази на заздравување на раните; Го подобрува процесот на природно заздравување на раните.
  • Погоден за сите пациенти независно од возраста и имунолошкиот статус - Погоден за прематурни бебиња, новороденчиња и деца; Погоден за трудници (после 3 месец) и доилки.
  • Извонредна локална подносливост, без болка и иритација
  • Едноставна и брза примена
  • Безбоен е и не остава траги на алишта
  • Не содржи јод.

 

Octenisept® се употребува за антисептичен третман на кожа, слузокожа, рани, изгореници и профилакса од инфекции:

  • Антисептичен третман на акутни и трауматски рани: гребаници, исекотини, рани од каснување од домашни и диви животни, каснувања од инсекти (пчели, стршлени, оси), кожен апцес и фоликулитис, херпес, отворени фрактури, повреди на меки ткива, флегмона, еризипел итн.
  • Антисептичен третман на изгореници од сите степени
  • Антисептичен третман на хронични рани (декубитус, дијабетично стопало,варикозни улкуси - ulcus cruris, итн.)
  • Антисептичен третман на хируршки рани (рана со конци, епизиотомија, итн.)
  • Антисептичен третман на папочна врвка кај новороденче, воспаленија на кожата предизвикани од пелени
  • Антисептичен третман на воспалителни промени на слузокожата во усната празнина (афти), воспаленија од протези, пред и после екстракција на заби, киретажа, апикотомија, чистење и лечење на корен на забо, итн.
  • Антисептичен третман на воспалени хемороиди, анална фисура, аноректална фистула
  • Адјувантна терапија на габично заболување на кожата на рацете и кожата помеѓу прстите на нозете (атлетско стопало, итн)
  • Антимикробно премивање на целото телото на MRSA колонизирани пациенти
  • Антисептичен третман на вагинални инфекции и воспалителни промени на пенисот
  • Антисептичен третман на кожата и слузокожата пред-, интра- и пост оперативни хируршки интервенции
  • Антисептичен третман после депилација, тетовирање, пирсинг итн.

Пакување:

Octenisept® 50 ml пластично шише со распрскувач

Octenisept®  250 ml пластично шише

Octenisept® 500 ml пластично шише

Octenisept®  1 L пластично шише

 

Почитуван пациент,

Пред употреба на лекот внимателно прочитај го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

image

Производител