За акутни рани и лесни изгореници

  • Ја навлажнува и штити раната
  • Штити од инфекции и го помага процесот на заздравување на раната
  • Формира заштитен тенок слој против микроби
  • Безболен - не пече кога се нанесува
  • Без вештачки бои и парфеми

Места на примена:

Octenisept® wound gel се нанесува во случај на акутни лезии на кожата како што се гребнатини, исекотини и лесни изгореници (изгореници од сонце).

За оптимално заздравување на раните, потребно е тие да бидат доволно влажни, бидејќи заздравувањето бара клетките на кожата да се делат и да мигрираат. Тоа е возможно во влажно окружување на раната. Истовремено раната мора да биде заштитена од инфекции.

Специјалната формулација на Octenisept® wound gel овозможува оптимално снабдување на раната со влажност и формирање на заштитен слој против бактерии. Овој заштитен слој спречува патогените да навлезат во раната бидејќи тие се веќе инактивирани во гелот. На овој начин природниот процес на заздравување на раните е потпомогнат и забрзан.

Инактивација на патогени

Octenisept® wound gel покажува одлична инактивација на патогени уште во период од само 1 минута. Резултатите од испитувањето со квантитативно тестирање со суспензија со висока протеинска експозиција (“Нечисти услови”) покажаа дека инактивацијата на патогени со Octenisept® wound gel е доволна против сите тест организми после 1 минута.

Ткивна подносливост и биокомпатибилност на  Octenisept® wound gel

Octenisept® wound gel е ненадразнувачки, несензибилизирачки, без ткивна токсичност, не предизвикува оштетување на гранулацијата и епителизацијата, безболен при апликација. Добрата подносливост на Octenisept® wound gel е потврдена со клиничко искуство во текот на многу години и со клинички студии и за хронични рани.

Начин на употреба:

Да се дезинфицира раната со Octenisept® веднаш по нејзиното настанување. Потоа да се препокрие раната со тенок слој од Octenisept® wound gel. Доколку е потребно да се преврзе раната или да се стави фластер. Да се нанесува гелот 1-2 дневно се додека раната целосно не заздраве.

Од хигиенски причини, да се внимава врвот на тубата да не дојде во директен контакт со раните или други површини.

Состав:

Прочистена вода, октенидин хидрохлорид, пропилен гликол, хидроксиетилцелулоза.

Специјални совети:

  • Несакани дејства:

 Не се приметени до сега

  • Контраиндикации:

Бидејќи алергиските реакции не може во целост да се исклучат, Octenisept® wound gel несмее да се користи доколку е докажана или постои сомневање за алергија на некоја од неговите компоненти. Да не се користи за хијалуронска ´рскавица.

  • Општи  безбедносни инструкции :

Да се нанесува на раната надворешно. Да се осигура дека препаратот не е нанесен во ткивото под притисок.

    • Да не се користи за инфузии или инекции.
    • Несмее да се зема преку уста.
    • Само беспрекорна и неоштетена амбалажа треба да се користи.
    • Да не се изложува на сонце.
    • Да се чува на места недостапни за деца!

    Пакување

    Octenisept® wound gel туба од 20 мл