За контаминирани и хронични рани 

  • Ја навлажнува и чисти раната
  • Создава идеално окружување за заздравување на раната
  • Го помага природниот процес за задравување на раната
  • Содржи октенидин кој е способен за инактивирање на патогените микроорганизми
  • Безболна апликација со одлична подносливост
  • Без вештачки бои и парфеми

Места на примена:

  • За навлажнување и чистење на хронични рани
  • За  превентивно навлажување на облогите за рани
  • За омекнување на преврски, погоден дури и за облоги со силни крусти
  • За подршка на природниот процес на заздравување

Инструкции за употреба:

Пред нанесување на Octeniillin®  wound gel раните треба да бидат исчистени (на пример со: Octenilin®  wound irrigation solution).

Завоите, газите и други впивателни материјали или исполнувачи на рани треба да се натопат или навлажнат пред нанесување на раните. Octenilin®  wound gel  може да се стави на раната за време на менувањето на преврските. Нанесувањето  треба да сé  повторува се додека сите крусти или некротирачко ткиво лесно се отстрануваат.

Состав:

Прочистена вода, октенидин хидрохлорид, пропилен гликол, хидроксиетилцелулоза.

Специјални совети:

Несакани дејства:

Не се приметени до сега.

Контраиндикации:

Бидејќи алергиските реакции не може во целост да се исклучат, Octenilin®  wound gel несмее да се користи доколку е докажана или постои сомневање за можност од појавување на алергија на некоја од неговите компоненти. Да не се користи за хијалуронска ’рскавица.

Општи безбедносни инструкции:

  • Да се нанесува на раната надворешно. Да се осигура дека препаратот не е нанесен во ткивото под притисок.
  • Да не се користи за инфузии или инекции.
  • Несмее да се зема преку уста.
  • Треба да се користи само беспрекорна и неоштетена амбалажа.
  • Да не се изложува на сонце.
  • Да се чува на места недостапни за деца!

Оригинална состојба:

Стерилно

Стабилност на 25°

После првото отварање може да се користи во период од шест недели .

Пакување:

Octenilin®  wound gel  туба од 20 мл

 

Ефикасно чистење, влажнење и деконтаминација на хронични кожни рани

  • Добро подносливо и безболно чистење на рани
  • Погоден и за чистење на тешко достапни делови од раните
  • Без боја и мирис
  • Го помага природниот процес на заздравување на раните
  • За повторувачка долготрајна употреба

Места на примена:

  • Брзо и ефективно чистење и деконтаминација на рани
  • За отстранување на крусти кои се состојат од некротирачко ткиво, патогени, биофилм и фибринозни филмови
  • Погоден за тешкодостапни површини, како што се фисури и џепови на рани
  • Нежно влажнење и хидратација на рани
  • Навлажнување на преврски и облоги на раната
  • За нежно отстранување на преврски и облоги кои се тешки за одстранување

Начин на употреба:

При секоја промена на преврската интензивно да се испере и исчисти раната со Octenilin® wound irrigation solution  (Octenilin® wound irrigation може да се загрее до телесна температура веднаш пред употребата).  На овој начин можат да се отстранат лесните за отстранување облоги. Преврски и облоги дополнително наквасени со Octenilin® wound irrigation може да се користат за растварање на фибринските прекривки. Употребата на Octenilin® wound irrigation треба да се повторува се додека сите прекривки и некрози можат да бидат отстранети и раната стане  оптички чиста. Обично не е потребно испирање. Раната дополнително може да биде лекувана со Octenilin® wound gel, доколку е потребно раната. 

  • Употреба со преврски кои се тешки за отстранување

Доколку преврските се тешки за отсранување, се препорачува наквасување со Octenilin® wound irrigation, со цел да се потикне нежното отстранување на преврската без притоа да се трауматизира површината на раната.

Состав:

Прочистена вода, етилхексилглицерин,  глицерол, октенидин хидрохлорид.

Специјални совети:

Несакани дејства:

Не се приметени.

Контраиндикации:

Бидејќи алергиските реакции не може во целост да се исклучат, Octenilin® wound irrigation несмее да се користи доколку е докажана или постои сомневање за можност од појавување на алергија на некоја од неговите компоненти

Да не се користи за хијалуронска жрскавица.

Општи  безбедносни инструкции:

  • Да се нанесува на раната надворешно. Да се осигура дека препаратот не е нанесен во ткивото под притисок.
  • Да не се користи за инфузии или инекции. Не смее да се зема преку уста.
  • Само беспрекорната и неоштетен амбалажа треба да се користи.
  • Да не се изложува на сонце.
  • Да се чува на места недостапни за деца!

Оригинална состојба:

Стерилно, запечатено

Стабилен на собна температура.

Да се употреби пред:

8 недели после првото отварање. Шишето мора да биде затворено после секоја употреба.

Пакување

Octenilin® wound irrigation solution шише од 350 мл