Лосион за антимикробно миење базиран на одбрани навлажнувачки агенси, нежни тензиди и Октенидин (Octenidine)

  • На база на ненадразнувачки тензиди
  • За миење на цело тело на МРСА колонизирани пациенти
  • Погоден за сите типови на кожа
  • Неутрално кожно pH
  • Без вештачки бои и парфеми

Места на примена

  • Нежно за кожа, антимикробно миење на цело тело (вклучувајќи коса и туширање)
  • За благо и нежно антимикробно миење на пациенти пред операција
  • Декотаминација на МРСА
  • Особено погоден за употреба во интензивна нега и инфективни одделенија
  • Погоден за сите типови на кожа, дури и за кожа чуствителна на сапуни или склона кон алергии
  • За миење на ампутациски патрљак како и супуративно за превенција од инфекции и избегнување на релапси и секундарни инфекции

Начин на употреба

Миење на цело тело:

Да се нанесе неразблажен Octenisan® на влажна крпа за бањање, да се втрие рамномерно на соодветните делови на телото (време на експозиција 1 минута) и да се исплакне.

Туширање и миење на коса:

Кога се користи за туширање и миење на коса да се користи како останатите достапни комерцијални производи.

МРСА колонизирани пациенти:

Ако е детектирана МРСА, мора да се превземат ефективни мерки со брз ефект. Лекувањето на пациенти колонизирани со МРСА се темели на антисептичен третман на сите резервоари на човековото тело населени со МРСА патогени. Тоа вклучува кожа и коса (Octenisan® wash lotion), нос, усна празнина и грло (Octenidol® mouth wash), хронични рани (Octenisept®). Покрај антисептичен третман на пациентот, потребно е сите површини кои биле во непосреден контакт со заболениот, темелно да се дезинфицираат. Сите мерки кои се превземаат се спроведуваат во временски ограничени ерадикациски циклуси и секој циклус завршува со проверка на евентуално постоење на МРСА патогени. Доколку е потребно ерадициските циклуси се повторуваат се додека не се потврди отсуство на МРСА патогени.

Следниот 5 дневен антимикробен протокол за миење со Octenisan® е најчесто употребуван протокол за миење на пациенти  колонизирани со МРСА и пациенти кои треба да бидат подложени на операција:

ден 1

ден 2

ден 3

ден 4

ден 5

тело

тело и коса

тело

тело и коса

тело

 

  1. Да се накваси телото со вода
  2. Да се нанесе соодветна количина на неразреден  Octenisan® на крпа за миење
  3. Да се истрие целото тело и да се остави да делува 1 минута. Посветете особено внимание на пределите под пазувите, препоните, зад ушите, стопалата и плеќите
  4. Да се исплакне телото со вода
  5. Да се избрише / исуши  со сува и чиста крпа

Важна забелешка: крпата за миење и пешкирот за бришење мора да бидат за ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА или СООДВЕТНО ДА СЕ ИСПЕРАТ И ИСУШАТ пред повторно да се употребуваат.

Микробиолошка ефикасност

Octenisan® има докажана ефикасност :

  • Согласно модифицираниот EN 12054 за МРСА изолати Enterococcus hirae, Pseudomonas aeruginosa и E. coli за 1 минута.
  • Во практични испитувања на кожа вештачки контаминирана со S. epidermidis- препорачано контактно време 1 минута
  • Високиот степен на ерадикација на МРСА докажан со многубројни клинички испитувања (на пр: клиничко испитување извршено од страна на Универзитетската болница Ахен, докажува високиот степен на ерадикација на МРСА од приближно 80% со Octenisan®. Пациентите биле миени секој ден во тек на 5 дена, вклучувајќи ја и косата. Малите рани биле третирани со Octenisept®.)

Состав

Вода, кокамидопропиламин оксид, ПЕГ-7 глицерил кокоат, глицерин, хидроксицелулоза, млечна киселина, октенидин хидрохлорид, алантоин.

Благодарение на балансираната формулација на различни активни состојки вклучувајќи Октенидин и Алантоин, Octenisan® се карактеризира со добри антимикробни особини и ја негува кожата.

Пакување

octenisan® wash lotion 150 ml

octenisan® wash lotion 500 ml

octenisan® wash lotion 1 L