Gigasept Instru AF

Gigasept® Instru AF е безалдехиден комбиниран дезифициенс и чистач за медицински инструменти

Основни карактеристики

  • Без алдехидии
  • Ги задоволува Европските стандарди, докажан широк спектар на дејство
  • Одлична способност за чистење
  • 7 дена постојаност на приготвениот раствор за употреба
  • Пријатен и свеж мирис
  • Погоден за употреба во ултразвучни бањи
  • Намалено контактно време за ултразвучно чистење

Места на примена:

Дезинфекција и чистење на сите врсти термолабилни и термостабилни инструменти (со исклучок на флексибилните ендоскопи).

Благодарение на широката микробиолошка активност и одличната способност за чистење (особено во ултразвучни бањи), Gigasept® Instru AF ги има сите главни особини потребни за подготовка на медицинските инструменти во болниците и општата пракса (ЦЕ 0297)

Начин на употреба:

Gigasept® Instru AF се испорачува во концентриран облик. Тој многу лесно се разредува со вода до потребните концентрации прикажани во табелата. Инструментите треба целосно да се потопат во растворот и да се истисне воздухот од празнините. Сите површини треба да бидат покриени со течност.

Да не се надминуваат препорачаните концентрации и препорачаното време на контакт.

По истекот на времето на контакт, предметите темелно да се исперат под млаз вода. Благодарение на својата оптимална моќ на чистење, Gigasept® Instru AF не треба да се меша со други средства за чистење. Во случај на тешки онечистувања Gigasept® Instru AF може да се меша со Gigazyme®.

Пред првата употреба на Gigasept® Instru AF се препорачува внимателно да се исплакнат со вода сите инструменти, апликациски помагала и бањи.

Пакување:

  • Gigasept® Instru AF шише од 2 L
  • Gigasept® Instru AF канистер 5 L