Dentavon

Без алдехиден дезифициенс на база на активен кислород

Основни карактеристики

  • Широк спектар на ефикасност во рок од 10 минути - бактерии (вклуч. ТБ), габи, вируси, (ХБВ,ХИВ)
  • Трајност на приготвениот раствор : 1 работен ден (ефикасна гаранција)
  • Добри навлажнувачки способности, без проблеми за испирање
  • Добра чистачка моќ, ги раствара нечистотиите, крв, плунка и го олеснува отстранувањето на забниот каменец

Места на примена:

За комбинирана дезинфекција и чистење на забни компоненти и протетски материјал како и дентални калапи направени од силикон, полиетер и алгинат.

Начин на употреба:

Ефикасноста на работниот раствор на Dentavon® останува стабилна за време на еден работен ден и заради тоа гарантира целосната микробиолошка ефикасност за време на тој период. Само во случај на прекумерно онечистување работниот раствор на Dentavon®треба да се замени во пократок интервал. Микробиолошката ефикасност на работниот раствор на Дентавон® е докажана со практични тест проби на вештачки контаминирани отпечатоци направени од силиконски, полиетерски и алигнат отпечаточни материјали. 2% работен раствор Dentavon® за 10 минути ја деактивира TБ исто така, хепатит Б вирусот и ХИВ.

Земајќи ги во предвид хигиенските аспекти и со цел да се избегне трансмисија на бактерии и инфекции, дезинфекцијата на стоматолошките отисоци секогаш треба да се врши во ординацијата пред нивен пренос во стоматолошката лабораторија.

Доколку денталната лабораторија не е сигурна дека отисоците се предходно дезинфизирани, потребно е да направи дезинфекција на сите инстанци.

Пакување:

  • Dentavon кутија од 900g со одмерна лажичка
image

Производител