Dr. Falk Pharma snippet

Цинкамин-Фалк®/

Zinkamin-Falk® capsules

 

Цинкамин-Фалк® капсулите како активна состојка содржат цинк есенцијалнен елемент во траги, кој во препаратот е врзан со аминокиселината хистидин. Хистидин е протеинска компонента која го олеснува внесот на цинкот во телото.

Цинкамин-Фалк® се користи за лечење на недостаток на цинк при неурамнотежена исхрана, диети, хронични цревни и црнодробни заболувања. Дури и силните спортски активности може да предизвикаат недостаток на цинк. Цинкамин-Фалк® го подржува имуниот систем и истотака може да помогне во спречување на настинки.

 

Почитуван пациент,

Пред употреба на лекот внимателно прочитај го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

 

1. ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ЛЕКОТ ЦИНКАМИН-ФАЛК®

Лекот Цинкамин-Фалк® се употребува за лекување на клинички дефинирани состојби на недостаток на цинк, ако нутриционистички неможе да се решат.

2. ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО ЗЕМАТЕ ЛЕКОТ ЦИНКАМИН-ФАЛК®

Немојте да го земате лекот Цинкамин-Фалк®, во случај на:

  • алергија (хиперсензитивност) на било која составна компонента на лекот.

Дополнителни мерки на предпазливост и предупредување:

При долготрајна употреба на лекот Цинкамин-Фалк®, се препорачува да се врши лабораториска анализа на цинкот и бакарот во крвта.

Земање на други лекови:

Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и од оние кои не се на лекарски рецепт, бидејќи ефектот на овие лекови може да биде сменет (интеракции):

  • Истовременото земање на соли на железо, бакар или калциум ја намалува апсорбцијата (апсорпцијата во крв) на цинкот.
  • Цинкот ја намалува апсорпцијата на тетрациклините. Помеѓу внесот на двата лека потребен е интервал од 4 часа.
  • Хелатните супстанции како што е D-penicilamin, DMPS или EDTA може да ја намалат апсорпцијата на цинкот или да ја зголемат ексрецијата.
  • Цинкот влијае и врз апсорпцијата на офлоксацин и други хинолони.

Бременост и доење:

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек.

Нема забелешки за употребата на Цинкамин-Фалк® ако се употребува согласно пропишаното дозирање.

3. КАКО ДА СЕ  УПОТРЕБУВА ЛЕКОТ ЦИНКАМИН-ФАЛК®

Доколку не е поинаку пропишано од Вашиот лекар да се следат следните инструкциите за употреба на лекот. Лекот Цинкамин-Фалк® треба да го земате правилно и редовно согласно инструкциите за употреба, бидејќи тоа е единствениот начин да се постигне посакуваниот терапевтски ефект. 

Дозирање:

Возрасни: 1 капсула Цинкамин-Фалк® (одговара на 15 mg цинк) еднаш дневно, 1 час пред јадење.

Ако имате проблеми со голтањето на капсулите, отворете ја капсулата и нејзината содржината истурете ја во течност (на пр: вода, овошни сокови), измешајте и испијте го приготвениот раствор.

Времетраење на терапијата:

Вашиот лекар ќе одлучи колку долго ќе треба да го употребувате овој лек.

Ако сте земале поголема доза од лекот Цинкамин-Фалк® отколку што треба:

Само ако сте употребиле доза која е многукратно поголема од терапевтските дози, може да се јават симптоми на предозирање како метален вкус во устата, главоболка, дијареа и повраќање, кои после исфрлањето на лекот брзо престануваат. Посоветувате се со Вашиот лекар ако се сомневате, и тој ќе реши што ќе направи.

Ако сте земале помала доза од лекот Цинкамин-Фалк® отколку што треба или ако сте заборавиле да го земете лекот Цинкамин-Фалк®:

Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

Ако сте заборавиле да го земете лекот, следниот пат немојте да земате двојна доза, туку продолжете го лекувањето со пропишаната  доза.. 

Ако сакате да прекинете со земањето на лекот Цинкамин-Фалк®:

Не го прекинувајте лекувањето со овој лек се додека Вашиот лекар не Ви го каже тоа.

Ако имате впечаток дека ефектот на лекот Цинкамин-Фалк® е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот лекар.

4. МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Како и сите лекови, и лекот Цинкамин-Фалк® може да има несакани дејства, иако не се јавуваат кај секого.

Многу ретки несакани дејства (< 0,01%) поврзани со желудникот и цревниот тракт: мачнина и повраќање.

Ако некоја од овие несакани дејства стане сериозна, или ако приметите било какви несакани дејства кои не се споменати во ова упатство, Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт.

5. КАКО ДА СЕ ЧУВА ЛЕКОТ ЦИНКАМИН-ФАЛК®  И РОК НА УПОТРЕБА

Лекот чувајте го на места недостапни за деца.

Лекот не треба да се употребува по датумот на истекот на рокот на употреба кој е наведен на картонското пакување и и блистерот. Датумот на истекот на рокот на употреба се однесува на последниот ден од тој месец.

6. ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ

Што содржи лекот Цинкамин-Фалк®:

Активна супстанција: Една капсула Цинкамин-Фалк® содржи 94mg Bis (L-histidinat) Zink ∙ 2 H2O, што одговара на 15 mg цинк.

Ексипиенси: Пченичен скроб, магензиум стеарат (Ph.Eur), желатин, натриумдодецилсулфат, прочистена вода, титандиоксид (Е171), индигокармин (Е132), железотриоксидхидроксид (Е172).

Пакување:

Кутија со 20 капсули.

 

 

 

 

 

 

Производител