Dr. Falk Pharma snippet

МУКОФАЛК® ПОРТОКАЛ ГРАНУЛИ

/ MUCOFALK® ORANGE GRANULES

 

Лекот Мукофалк® Портокал Гранули содржи испагхула лушпи (лушпи од семето на растението Plantago ovata), кои преставуваат природен извор на диететски влакна и набубрувачки агенси. За разлика од другите диететски влакна, испагхула лушпи во Мукофалк® имаат способност да апсорбираат вода приближно 40 пати повеќе од сопствената тежина. Со привлекување на водата, несварливите влакна на овие растителни супстанции го зголемуваат волуменот на столицата и на тој начин го потикнуваат правилното движење на цревата (столицата станува помека, се стимулира перисталтичното движење и се зголемува степенот на нејзиното транзитирање).

Лекот Мукофалк®  Портокал Гранули, истотака, има способност да го редуцира холестеролот. Мукофалк®  го врзува диетарниот холестерол и жолчните киселини во цревата и на тој начин ја спречува нивната ресорбција во крвта која тече во црниотдроб. Тоа доведува до зголемен губиток на жолчни киселини во столицата и стимулира синтеза на жолчни киселини во црниот дроб. Бидејќи жолчните киселини се изведени од холестерол, со цел да се надокнади оваа зголемена потреба од холестерол за синтеза на жолчни киселини, црниот дроб го користи ЛДЛ холестеролот (“лошиот” холестерол) кој циркулира во крвта. Toa резултира со природно намалување на вкупниот холестерол во крвта од 10 - 15 %.

 

Почитуван пациент,

Пред употреба на лекот внимателно прочитај го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

 

1. ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ЛЕКОТ МУКОФАЛК® ПОРТОКАЛ ГРАНУЛИ

Лекот Мукофалк® Портокал Гранули се користи за:

  • Хронична констипација,
  • Нарушувања каде е пожелно полесно движење на цревата со помека столица на пр: анална фисура, хемороиди, после операции на ректалната регија,
  • Супоративно лекување на дијареа настаната од различни причини,
  • Синдром на иритабилни црева.

2. ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО ЗЕМАТЕ ЛЕКОТ МУКОФАЛК® ПОРТОКАЛ ГРАНУЛИ 

Немојте да го земате лекот Мукофалк® Портокал Гранули, во случај на:

  • алергија (хиперсензитивност) на Испагхула (plantago, psyllium) или на другите  состојќи на лекот;
  • изразено тешка столица (фекална импакција);
  • стомачни потешкотии и болка, гадење и повраќање се додека причината не е утврдена од лекар;
  • секоја ненадејна промена во цревните навики која трае повеќе од 2 недели;
  • после земање на лаксантиви доколку изостанува дефекација;
  • потешкотии со голтањето или гадење;
  • недијагностицирано ректално крварење;
  • абнормални стеснувања на хранопроводот, влезот на желудникот или гастроинтестиналниот тракт;
  • во случај на постоење на опасност или постоечка цревна опструкција (илеус) или синдром на мегаколон;
  • нарушување на водениот и електролитниот баланс;
  • болести  пропратени со ограничен внес на течности;
  • слабо контролирани форми на шеќерна болест (диабетес мелитус).

Дополнителни мерки на предпазливост и предупредување:

Доколку имате опстипација или неправилно движење на цревата подолго од 1 недела или дијареа која трае повеќе од 2 дена или е придружена со крварење или зголемена телесна температура, потребно е да се консултирате со лекар.

Исто така, доколку имате задржување на столицата, нејасни абдоменални симптоми, абдоменална болка, гадење и повраќање, пред земање на лекот Мукофалк® Портокал Гранули потребно е да се консултирате со лекар (бидејќи овие симптоми може да укажуваа на заканувачка или постоечка цревна опструкција, а во тие случаи лекот Мукофалк® Портокал Гранули нетреба да се зема).

Лекот Мукофалк® Портокал Гранули потребно е да се зема со многу течност на пр: 150 ml вода (1 чаша вода) за една кесичка Мукофалк® Портокал Гранули, бидејќи во спротивно лекот може да набабри, да остане во грлото и хранопроводникот и да предизвика гушење. Како резултат на недоволен внес на течности може да се јави констипација.

Да не се зема лекот доколку имате проблеми со голтање или проблеми со грлото, кога лежите или непосредно пред спиење. Доколку се јават болки во градите или повраќање или Ви се јават проблеми при голтањето или дишењето веднаш известете го Вашиот лекар.

Ако има потреба од истовремено земање на лекот Мукофалк® Портокал Гранули и тиреоидни хормони, Мукофалк® Портокал Гранулите може да се земаат само после консултација со лекар (бидејќи дозата на тиреоидните хормони треба да се корегира).

Кај болестите со дијареа, најважен аспект во лекувањето е да се осигура надоместување на течностите и солите (електролитите).

Изнемоштените пациенти и старите луѓе треба соодветно да се следат во текот на терапијата.

Важни информации за некои составни компоненти на лекот Мукофалк® Портокал Гранули:   

Мукофалк® Портокал Гранулите содржат сахароза.

Ако имате интолеранција кон одредени шеќери, пред да го земете лекот Мукофалк® Портокал Гранули Ве молиме да се советувате со Вашиот лекар,

Внесот на сахарозата треба да се избегнува кај пациенти со вродена интолеранција на фруктозата, глукозно / галактозен синдром на малабсорбција или сахарозно изомалтозен дефицит.

Пациенти со дијабет треба да имаат предвид дека една поединечна доза на лекот Мукофалк® Портокал Гранули (5g) содржи 0.5g сахароза и 3.07kcal (12.86кЈ) и е  еквивалентно на 0.064 јаглехидратни единици.

Пациентите кои се на натриум - контролирана (ниско -натриумска / ниско - солена) диета треба да имаат предвид дека една поединечна доза на лекот Мукофалк® Портокал Гранули (5g) содржи 3.9mmol (90mg) натриум.

Употребување на други лекови:

Цревната абсорпција на другите лекови на пр: минерали (калциум, железо, литиум, цинк), витамини (витамин Б12), кардиогликозиди, кумарин и карбамазепин може да биде забавена доколку се земат истовремено со лекот Мукофалк® Портокал Гранули. Од тие причини, помеѓу внесот на Мукофалк® Портокал Гранулите и другите лекови потребен е интервал од 30 - 60 минути.

Лекот Мукофалк® Портокал Гранули не смее да се зема истовремено со лекови кои ја инхибираат перисталтиката на цревата (на пр: лоперамид, опиумска тинктура), бидејќи може да настане цревна опструкција.

Заради забавената абсорпција на јаглехидрати при употреба на лекот Мукофалк® Портокал Гранули, може да се јави редукција на крвните нивоа на шеќерот. Кај инсулин зависни пациенти, може да биде неопходна редукција на инсулинската доза (консултирајте се со Вашиот лекар).

Не е исклучено намалувањето на ефектот на тиреоидните хормони, дури и кога не се земат истовремено.

Бременост и доење:

Лекот Мукофалк® Портокал Гранули може да се употребува за време на бременоста или доколку доите.

Деца под 12 години:

Лекот Мукофалк® Портокал Гранули не треба да се дава на деца под 12 годишна возраст, бидејќи нема доволно искуство со оваа возрасна група.

Ефекти врз способноста за возење и ракување со машини:

Нема влијание врз способноста за возење и ракување со машини.

3. КАКО ДА СЕ  УПОТРЕБУВА ЛЕКОТ МУКОФАЛК® ПОРТОКАЛ ГРАНУЛИ 

Следете ги инстукциите освен ако Вашиот лекар не Ви препорачал поинаку. Ве молиме следете ги инстукциите, бидејќи тоа е единствениот начин да се постигне посакуваниот терапевтски ефект!

Дозирање кај возрасни и деца над 12 години: 1 кесичка (5g) Мукофалк® Портокал Гранули растворена во многу вода (минимум 150ml) 2 до 3 пати на ден.

Доколку препаратот се користи како супоративна терапија кај пациенти со дијареа и иритабилни црева дозирањето за возрасни и деца над 12 години е 1 кесичка (5g) Мукофалк® Портокал Гранули растворена во многу вода (минимум 150ml) 2 до 6 пати на ден. 

Како да се зема лекот Мукофалк® Портокал Гранули:

Мукофалк® Портокал Гранули не смеат да се внесуваат без предходно да се растворат, бидејќи може да настанат потешкотии со голтањето.

  1. Истурете ја кесичката во чаша.
  2. Внимателно наполнете ја чашата со ладна вода (минимум  150ml).
  3. Измешајте ја содржината со лажица (да нема грутки) и веднаш испијте го приготвениот раствор. Да не се пие во легната положба или непосредно пред спиење!
  4. Потоа напијте се уште една чаша вода.

Забелешка:

Овој лек потребно е да се зема со многу течност (на пр: 150ml вода).

Внесувањето на овој лек без доволна количина на течност може да предизвика гушење.

Да не се пие во легната положба или непосредно пред спиење.

Ако сте земале поголема доза од лекот Мукофалк® Портокал Гранули отколку што треба:

Дури и да сте земале повеќе кесички, генерално нема да има знаци на предозираност. Сепак доколку сте земале премногу, симпромите на несакани дејства може да се јават (како што се абдоменална болка, надуеност и чуство на преполност). Најнапред напијте се многу течност и посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Ако сте заборавиле да го земете лекот Мукофалк® Портокал Гранули:

Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

Ако сте заборавиле да го земете лекот, следниот пат немојте да земате двојна доза, туку продолжете го лекувањето со пропишаната  доза.

4. МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Како и сите лекови, и лекот Мукофалк® Портокал Гранули  може да има несакани дејства, иако не се јавуваат кај секого.

Во првите неколку денови од терапијата можно е да се јави надуеност и чуство на преполност, кои се намалуваат во текот на понатамошниот третман.

Многу ретко (во барем 1 од 10.000 третирани луѓе) може да се јават следните несакани дејства:

  • реакции на хиперсензитивност, понекогаш вклучувајки слични реакции на анафилакса.
  • опишан е еден случај на бронхоспазам.

Во вакви случаи терапијата со Мукофалк® Портокал Гранули треба да ја прекинете и да се советувате со лекар.

Ако некоја од овие несакани дејства стане сериозна, или ако приметите било какви несакани дејства кои не се споменати во ова упатство, Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт.

5. КАКО ДА СЕ ЧУВА ЛЕКОТ МУКОФАЛК® ПОРТОКАЛ ГРАНУЛИ И РОК НА УПОТРЕБА

Лекот чувајте го на места недостапни за деца.

Лекот не треба да се употребува по датумот на истекот на рокот на употреба кој е наведен на картонското пакување и кесичката. Датумот на истекот на рокот на употреба се однесува на последниот ден од тој месец.

6. ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ

Што содржи лекот Мукофалк® Портокал Гранули 

Активна супстанција: 5 g. гранули (1 кесичка) Мукофалк® Портокал Гранули содржи 3.25 g. Испагхула лушпи (лушпи од семето на растението Plantago ovata).

Помошни супстанции: сахароза, лимонска киселина,  декстрин, натриум алгинат, натриум цитрат 2 H2О, арома на портокал, натриум хлорид, сахарин натриум.

Пакување: Кутија со 20 ќесички

 

За повеке информации посетете го следниов сајт:

www.mucofalk.de

 

 

 

 

 

 

 

 

Производител