alca combi

течен концентрат за дезинфекција и чистење, базиран на комбинација од ароматични алкохоли, кватерни амониумови соли, амфотерни глицерински деривати и нејонски тензиди.

  • Без алдехиди
  • Нуди првокласна хигиенска заштита
  • Дава одлични оптички карактеристики
  • Свеж, пријатен и суптилен мирис
  • Тестиран согласно европските стандарди

Места на примена:

Дезинфекција и чистење на сите видови површини, во сите области каде се бара хигиенска безбедност:

  • особено за области кои се чувствитетлни во поглед на мирис
  • на чувствителни материјали (на пример, акрилни стакла)
  • во критични/чувствителни области на производство (на пр. во прехранбена, фармацевтска и козметичка индустрија).

Методи/инструкции за употреба:

Да се приготви раствор за употреба до посакуваната концентрација. Точното дозирање на препаратот е можно со помагалата за дозирање. Може да се врши дозирање и преку централни и локални апарати за дозирање. Може да се користи со пребришување на површините на подот или други пребришувачки области. Обратете внимание површините да бидат целосно навлажнети. Опремата треба темелно да се исчисти со вода. Бидејки содржи катјонски активни состојки, мешањето со други чистачи или пребришувачки средства за нега, може да има ефекти врз микробиолошките перформанси на производот и може да предизвика проблеми кој се однесуваат на техничката примена. Мешањето на препарати треба да се направи само после извршена консултација со schülke. Arcana® alca combi има одлични чистачки перформанси, и затоа дополнително користење на адитиви за чистење не е неопходно. Дополнително одржување на подот може да биде корисно доколку се применува и зависи од видот и составот на подот.

Пакување:

  • Шише од 2 L
  • Канистер од 5 L
  • Канистер од 30 L