АквАДЕКс® меки желатински капсули (AquADEKs® Softgels),

60 капсули

Мултивитамини и минерали

Диететска храна за посебни медицински намени за диететско регулирање на цистична фиброза и медицински состојби со нарушена апсорпција на липосолубилни витамини

Производот АквАДЕКс® капсули е диетска храна за посебни медицински намени, кој се употребува за диететско регулирање на цистична фиброза. Истотака е погоден за пациенти кои имаат проблеми со апсорпција на липосолубилни витамини

АквАДЕКс® капсулите можат да се користат за надополнување на нивоата на липосолубилните витамини А, Д, Е и К и други есенцијални нутриенси, кај деца (на возраст од 4-18 години) и возрасни кои не апсорбираат доволна количина со исхраната.

Својства и карактеристики:

  • Изработени се согласно водичите за нутриенси за Цистична Фиброза и најновите научни докази
  • Безбедно и ефикасно ги зголемуваат плазма нивоата на липосолубилните нутриенси и антиоксиданси
  • Содржат важни нутриенси кои го редуцираат оксидативниот стрес во организмот
  • Високите нивоа на витамин К и витамин Д помагаат во одржувањето на здрави коски
  • Независно тестирани и обезбеден квалитет

ШТО ПРЕСТАВУВААТ АквАДЕКс®КАПСУЛИТЕ

АквАДЕКс® капсулите содржат нутритивни суплементи специјално формулирани за да ги задоволат потребите кај пациенти со цистична фиброза и тие кои имаат потешкотии со апсорпцијата на липосолубилни витамини и нутриенси. Изработени се со микросферна технологија со цел да се подобри апсорпцијата на овие мултивитамини и минерални суплементи. Формулирани за да ги задоволат консензуалните водичи за нутриенси за пациентите со цистична фиброза и да ги вклучат најновите научни докази, АквАДЕКс® капсулите содржат важни нутриенси, како што се коензим Q10 (Co Q10), бета каротен и гама-токоферол. Истражувањата покуваат дека пациентите со цистична фиброза имаат пониски нивоа на овие нутриенси од нормалните нивоа, што може да доведе до зголемено оксидативно оштетување. Овој производ, исто така, содржи унапредени нивоа на витамините Д иК, со цел да се подржи подобрувањето на здравјето на коските. Дополнително, АквАДЕКс® капсулите содржат селен кој придонесува во заштитата на клетките од оксидативен стрес, и цинк кој се покажа дека е дефицитарен кај пациентите со цистична фиброза. АквАДЕКс®  формира мицеларни сфери кои овозможуваат липосолубилни витамини да бидат во облик кој може лесно да се апсорбира, и во услови на нарушена дигестија или оштетена функцијата на црниот дроб.

Недостатокот на еден или повеќе липосолубилни витамини може да се јави кај лица чија исхрана е дефицитарна со овие витамини, или кои од различни причини имаат потешкотии со апсорпцијата на мастите од исхраната. Секоја состојба која ја намалува функцијата на панкреасот, црниот дроб или дигестивниот систем може да предизвика малапсопција. Липосолубилните витамини се апсорбираат после нивното инкорпорирање во мицели преку влијанието на телесната жолчна и панкреатична секреција. Овие мицели се сферични честички кои имаат липофилна (сака масти) внатрешност обложена со хидрофилна надворешност (сака вода) која ја олеснува апсорбцијата на липосолубилните витамини во телото.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГИ ЗЕМАТЕ АквАДЕКс® КАПСУЛИТЕ

  • АквАДЕКс® капсулите се употребуваат под надзор на лекар.
  • АквАДЕКс® капсулите не може да ја заменат фармаколошката терапија на цистична фиброза и други заболувањата.
  • АквАДЕКс® капсулите не може да се употребуваат како единствен извор на храна.
  • АквАДЕКс® капсулите се погодни за деца на возраст од 4 години
  • АквАДЕКс® капсулите не се за парантерална употреба

Немојте да ги земате АквАДЕКс® капсулите, ако:

- Сте или Ви е кажано дека сте хиперсензитивни (алергични) на било која составна компонента.

Дополнителни мерки на предпазливост и предупредување:

  • Ако примате терапија со антикоагулантни лекови пред да започнете со употребата на АквАДЕКс® капсулите треба да се консултирате со Вашиот лекар, бидејќи Витаминот К влијае на терапевтската ефикасност на антикоагулантните лекови.
  • АквАДЕКс® капсулите може да се употребува за време на бременост и доење само под надзор на лекар, бидејќи содржат витамин А кој може да се складира во црниот дроб и кој при високи дози може да индуцира токсичност.
  • Особена претпазливост е потребна доколку капсулите ги употребуваат деца и возрасни кои имаат потешкотии со голтањето на капсулите.
  • АквАДЕКс® капсулите треба да се земаат со храна за да се намали ризикот од желудечни тегоби.
  • Да не се надминуваат препорачаните дневни дози.

КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВАТ АквАДЕКс®КАПСУЛИТЕ

Начин на употреба

Земајте ги капсулите за време на јадење. Капсулите треба да се проголтаат цели.

Препорачано дозирање

Деца од 4 до 10 години: Препорачаната дневна доза е 1 капсула.

Деца над 10 години и возрасни: 2 капсули дневно или по препорака на лекар.

Децата со цистична фиброза треба да бидат под надзор на лекар и дозата треба да се прилагоди индивидуално преку следење на крвните нивоа согласно тежината на болеста и дефицитот на витамини.

ШТО СОДРЖАТ АквАДЕКс®КАПСУЛИТЕ

Состојќи:

Активни супстанции

Содржина во

1 капсула

Содржина во

100g

Енергетска вредност

5 kcal (31 kJ)

500 kcal (2090 kJ)

Вкупно масти

0 g

28 g

Вкупно јаглехидрати

1 g

34 g

Шеќер

0.5 g

31 g

Диететски влакна

0 g

0 g

Протеини

0 g

28 g

Витамин А (како 92% бета каротен и  8% палмитат)

18167 IE

1513917 IE

Витамин Ц (како натриум аскорбат)

75 mg

6250 mg

Витамин Д3 (како холекалциферол)

1200 IE (30 mcg)

100000 IE (2500 mcg)

Витамин Е (како d-алфа-токоферол и d-алфа-токоферил полиетилен гликол 1000 сукцинат)

150 IE (101 mg)

12500 IE (8389 mg)

Витамин К1 (како фитонадион)

1000 mcg

83333 mcg

Тијамин  (како тијамин мононитрат)

1.5 mg

125 mg

Рибофлавин (Витамин Б2)

1.7 mg

142 mg

Ниацин (како нијацинамид)

10 mg

833 mg

Витамин Б6 (како пиридоксин хидрохлорид)

1.9 mg

158 mg

Фолна киселина

100 mcg

8333 mcg

Витамин Б12 (како цијанкобаламин)

12 mcg

1000 mcg

Биотин

100 mcg

8333 mcg

Пантотенска киселина (како калциум d-пантотенат)

12 mg

1000 mg

Цинк (како цинк бисглицинат)

10 mg

833 mg

Селен (како натриум селенит)

75 mcg

6250 mcg

Натриум

10 mg

833 mg

Коензим Q10

10 mg

833 mg

АквАДЕКс® капсулите не содржат глутен и казеин.

Помошни супстанции: носач (триглицериди со среден синџир), надворешна обвивка (желатин), антиоксиданс (токоферол-збогатен екстракт), пластификатор (глицерин), хигроскопски агенс (сорбитол), арома (етил ванилин), боја (титаниум диоксид),боја (FD&C Yellow No. 6), боја (FD&C Red No. 40), боја (FD&C Blue No. 1).

КАКО ДА СЕ ЧУВААТ АквАДЕКс® КАПСУЛИТЕ И РОК НА УПОТРЕБА

Да се чува на места недостапни за деца!

Да не се употребува ако внатрешниот печат е скршен или недостасува.

Да не се употребува по датумот на истекот на рокот на употреба. Датумот на истекот на рокот на употреба е втиснат на шишето.

Да се чува на собна температура заштитено од светлина.

ПАКУВАЊЕ:

Пластично шише со 60 меки желатински капсули.

 

Производител