АквАДЕКс® раствор за орална употреба за деца (AquADEKs®Pediatric Liqiuid), 60ml раствор

Мултивитамини и минерали

Диететска храна за посебни медицински намени за диететско регулирање на цистична фиброза и медицински состојби со нарушена апсорпција на липосолубилни витамини

Производот АквАДЕКс® растворот за деца е диетска храна за посебни медицински намени, кој се употребува за диететско регулирање на цистична фиброза. Истотака е погоден за бебиња и деца кои имаат проблеми со апсорпција на липосолубилни витамини.

АквАДЕКс® растворот за деца може да се користи за надополнување на нивоата на липосолубилните витамини А, Д, Е и К и други есенцијални нутриенси, кај бебиња и деца кои не апсорбираат доволна количина со исхраната.

Својства и карактеристики:

  • Изработен е согласно водичите за нутриенси за Цистична Фиброза и најновите научни докази
  • Безбедно и ефикасно ги зголемува плазма нивоата на липосолубилните нутриенси и антиоксиданси
  • Содржи важни нутриенси кои го редуцираат оксидативниот стрес во организмот
  • Високите нивоа на витамин К и витамин Д помагаат во одржувањето на здрави коски
  • Содржи природна арома на вишна
  • Независно тестиран и обезбеден квалитет

ШТО ПРЕСТАВУВА АквАДЕКс®РАСТВОРОТ ЗА ДЕЦА

АквАДЕКс® растворот за деца содржи нутритивни суплементи специјално формулирани за да ги задоволат потребите кај пациенти со цистична фиброза и тие кои имаат потешкотии со апсорпцијата на липосолубилни витамини и нутриенси. Изработен е со микросферна технологија со цел да се подобри апсорпцијата на овие мултивитамини и минерални суплементи. Формулиран за да ги задоволи консензуалните водичи за нутриенси за пациентите со цистична фиброза и да ги вклучи најновите научни докази, АквАДЕКс® растворот за деца содржи важни нутриенси, како што се коензим Q10 (Co Q10), бета каротен и гама-токоферол. Истражувањата покуваат дека пациентите со цистична фиброза имаат пониски нивоа на овие нутриенси од нормалните нивоа, што може да доведе до зголемено оксидативно оштетување. Овој производ, исто така, содржи унапредени нивоа на витамините Д и К, со цел да се подржи подобрувањето на здравјето на коските. Дополнително, АквАДЕКс® растворот за деца содржи селен кој придонесува во заштитата на клетките од оксидативен стрес, и цинк кој се покажа дека е дефицитарен кај пациентите со цистична фиброза. АквАДЕКс®  растворот за деца формира мицеларни сфери кои овозможуваат липосолубилни витамини да бидат во облик кој може лесно да се апсорбира, и во услови на нарушена дигестија или оштетена функција на црниот дроб.

Недостатокот на еден или повеќе липосолубилни витамини може да се јави кај лица чија исхрана е дефицитарна со овие витамини, или кои од различни причини имаат потешкотии со апсорпцијата на мастите од исхраната. Секоја состојба која ја намалува функцијата на панкреасот, црниот дроб или дигестивниот систем може да предизвика малапсопција. Липосолубилните витамини се апсорбираат после нивното инкорпорирање во мицели преку влијанието на телесната жолчка и панкреатична секреција. Овие мицели се сферични честички кои имаат липофилна (сака масти) внатрешност обложена со хидрофилна надворешност (сака вода) која ја олеснува апсорбцијата на липосолубилните витамини во телото.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО ЗЕМАТЕ АквАДЕКс® РАСТВОРОТ ЗА ДЕЦА

  • АквАДЕКс® растворот за деца се употребува под надзор на лекар.
  • АквАДЕКс®растворот за деца не може да ја замени фармаколошката терапија на цистична фиброза и други заболувањата.
  • АквАДЕКс® растворот за деца не може да се употребува како единствен извор на храна.
  • АквАДЕКс® растворот за деца не е за парантерална употреба.

Немојте да го земате АквАДЕКс® растворот за деца, ако:

- Сте или Ви е кажано дека сте хиперсензитивни (алергични) на било која составна компонента.

Дополнителни мерки на предпазливост и предупредување:

  • Ако примате терапија со антикоагулантни лекови пред да започнете со употребата на АквАДЕКс® растворот за деца треба да се консултирате со Вашиот лекар, бидејќи Витаминот К влијае на терапевтската ефикасност на антикоагулантните лекови.
  • АквАДЕКс® растворот за деца треба да се зема со храна за да се намали ризикот од желудечни тегоби.
  • Да не се надминуваат препорачаните дневни дози

КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА АквАДЕКс®РАСТВОРОТ ЗА ДЕЦА

Начин на употреба

Земајте го растворот за време на јадење. Пред употреба, добро протресете го шишето.

Препорачано дозирање

Деца од 0 до 12 месеци: Препорачаната дневна доза е 1 ml.

Деца од 1 до 3 години: Препорачаната дневна доза е 2 ml или по препорака на лекар.

Децата со цистична фиброза треба да бидат под надзор на лекар и дозата треба да се прилагоди индивидуално преку следење на крвните нивоа согласно тежината на болеста и дефицитот на витамини.

ШТО СОДРЖИ  АквАДЕКс®РАСТВОРОТ ЗА ДЕЦА

Состојќи:

Активни супстанции

 

Содржина во

1 ml

Содржина во

2 ml

Содржина во

100 ml

Енергетска вредност

1 kcal (4 kJ)

2 kcal (8 kJ)

100 kcal (420 kJ)

Вкупно масти

0 g

0 g

0 g

Вкупно јаглехидрати

0 g

<1 g

25 g

Шеќер

0 g

0 g

0 g

Диететски влакна

0 g

0 g

0 g

Протеини

0 g

0 g

2 g

Витамин А (како 87% бетакаротен и  13% палмитат)

5751 IE

11502 IE

575100 IE

Витамин Ц (како натриум аскорбат и аскорбинска киселина)

45 mg

90 mg

4500 mg

Витамин Д3 (како холекалциферол)

400 IE (10 mcg)

800 IE (20 mcg)

40000 IE (1000 mcg)

Витамин Е (како d-алфа-токоферол)

50 IE (33.6 mg)

100 IE (67.2 mg)

5000 IE (3360 mg)

Витамин К1 (како фитонадион)

400 mcg

800 mcg

40000 mcg

Тијамин  (како тијамин мононитрат)

0.6 mg

1.2 mg

60 mg

Рибофлавин (како рибофлавин 5’-фосфат натриум)

0.6 mg

1.2 mg

60 mg

Нијацин (како  нијацинамид)

6 mg

12 mg

600 mg

Витамин Б6 (како пиридоксин хидрохлорид)

0.6 mg

1.2 mg

60 mg

Биотин

15 mcg

30 mcg

1500 mcg

Пантотенска киселина (како калциум d-пантотенат)

3 mg

6 mg

300 mg

Цинк (како цинк глуконат)

5 mg

10 mg

500 mg

Селен (како селенометионин)

10 mcg

20 mcg

1000 mcg

Натриум

10 mg

20 mg

1000 mg

Витамин Е (како други мешани токофероли)

15 mg

30 mg

1500 mg

Коензим Q10

2 mg

4 mg

200 mg

Помошни супстанции: вода, d-алфа-токоферил полиетилен гликол 1000 сукцинат, модифициран скроб, пченкарен скроб, манитол, пченкарно масло, натриум бензоат (презерватив), калиум сорбат (презерватив), дикалциум фосфат, сукралоза, природни ароми, пектин, dl-алфа-токоферол, динатриум EDTA (секвестрант), витамин B12 (како цијанокобаламин) (боја),бутилиран хидрокситолуол, бутилиран хидроксианизол.

АквАДЕКс® растворот за деца не содржи вештачки бои и ароми.

КАКО ДА СЕ ЧУВА  АквАДЕКс®РАСТВОРОТ ЗА ДЕЦА И РОК НА УПОТРЕБА

Да се чува на места недостапни за деца!

Да не се употребува по датумот на истекот на рокот на употреба. Датумот на истекот на рокот на употреба е втиснат на шишето.

Да се чува на собна температура заштитено од светлина.

ПАКУВАЊЕ:

60ml шише и градуирана капалка / кутија

 

Производител