АквАДЕКс® ТАБЛЕТИ ЗА ЏВАКАЊЕ (AquADEKs® Chewables Tablets),

60 таблети

Мултивитамини и минерали

Диететска храна за посебни медицински намени за диететско регулирање на цистична фиброза и медицински состојби со нарушена апсорпција на липосолубилни витамини

Производот АквАДЕКс® таблетите за џвакање е диетска храна за посебни медицински намени, кој се употребува за диететско регулирање на цистична фиброза. Истотака е погоден за пациенти кои имаат проблеми со апсорпција на липосолубилни витамини

АквАДЕКс® таблетите за џвакање можат да се користат за надополнување на нивоата на липосолубилните витамини А, Д, Е и К и други есенцијални нутриенси, кај деца (на возраст од 4-18 години) и возрасни кои не апсорбираат доволна количина со исхраната.

Својства и карактеристики:

  • Изработени се согласно водичите за нутриенси за Цистична Фиброза и најновите научни докази
  • Безбедно и ефикасно ги зголемуваат плазма нивоата на липосолубилните нутриенси и антиоксиданси
  • Содржат важни нутриенси кои го редуцираат оксидативниот стрес во организмот
  • Високите нивоа на витамин К и витамин Д помагаат во одржувањето на здрави коски
  • Независно тестирани и обезбеден квалитет

ШТО ПРЕСТАВУВААТ АквАДЕКс®ТАБЛЕТИТЕ ЗА ЏВАКАЊЕ

АквАДЕКс® таблетите за џвакање содржат нутритивни суплементи специјално формулирани за да ги задоволат потребите кај пациенти со цистична фиброза и тие кои имаат потешкотии со апсорпцијата на липосолубилни витамини и нутриенси. Изработени се со микросферна технологија со цел да се подобри апсорпцијата на овие мултивитамини и минерални суплементи. Формулирани за да ги задоволат консензуалните водичи за нутриенси за пациентите со цистична фиброза и да ги вклучат најновите научни докази, АквАДЕКс® таблетите за џвакање содржат важни нутриенси, како што се коензим Q10 (Co Q10), бета каротен и гама-токоферол. Истражувањата покажуваат дека пациентите со цистична фиброза имаат пониски нивоа на овие нутриенси од нормалните нивоа, што може да доведе до зголемено оксидативно оштетување. Овој производ, исто така, содржи унапредени нивоа на витамините Д и К, со цел да се подржи подобрувањето на здравјето на коските. Дополнително, АквАДЕКс® таблетите за џвакање содржат селен кој придонесува во заштитата на клетките од оксидативен стрес, и цинк кој се покажа дека е дефицитарен кај пациентите со цистична фиброза. АквАДЕКс®  формира мицеларни сфери кои овозможуваат липосолубилни витамини да бидат во облик кој може лесно да се апсорбира, и во услови на нарушена дигестија или оштетена функцијата на црниот дроб.

Недостатокот на еден или повеќе липосолубилни витамини може да се јави кај лица чија исхрана е дефицитарна со овие витамини, или кои од различни причини имаат потешкотии со апсорпцијата на мастите од исхраната. Секоја состојба која ја намалува функцијата на панкреасот, црниот дроб или дигестивниот систем може да предизвика малапсопција. Липосолубилните витамини се апсорбираат после нивното инкорпорирање во мицели преку влијанието на телесната жолчна и панкреатична секреција. Овие мицели се сферични честички кои имаат липофилна (сака масти) внатрешност обложена со хидрофилна надворешност (сака вода) која ја олеснува апсорбцијата на липосолубилните витамини во телото.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГИ ЗЕМАТЕ АквАДЕКс® ТАБЛЕТИТЕ ЗА ЏВАКАЊЕ

  • АквАДЕКс® таблетите за џвакање се употребуваат под надзор на лекар.
  • АквАДЕКс® таблетите за џвакање не може да ја заменат фармаколошката терапија на цистична фиброза и други заболувањата.
  • АквАДЕКс® таблетите за џвакање не може да се употребуваат како единствен извор на храна.
  • АквАДЕКс® таблетите за џвакање се погодни за деца на возраст од 4 години.
  • АквАДЕКс® таблетите за џвакање не се за парантерална употреба.

Немојте да ги земате АквАДЕКс® таблетите за џвакање, ако:

- Сте или Ви е кажано дека сте хиперсензитивни (алергични) на било која составна компонента.

Дополнителни мерки на предпазливост и предупредување:

  • Ако примате терапија со антикоагулантни лекови пред да започнете со употребата на АквАДЕКс® таблетите за џвакање треба да се консултирате со Вашиот лекар, бидејќи Витаминот К влијае на терапевтската ефикасност на антикоагулантните лекови.
  • АквАДЕКс® таблетите за џвакање може да се употребува за време на бременост и доење само под надзор на лекар, бидејќи содржат витамин А кој може да се складира во црниот дроб и кој при високи дози може да индуцира токсичност.
  • АквАДЕКс® таблетите за џвакање треба да се земаат со храна за да се намали ризикот од желудечни тегоби.
  • Да не се надминуваат препорачаните дневни дози.

КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВАТ АквАДЕКс® ТАБЛЕТИТЕ ЗА ЏВАКАЊЕ  

Начин на употреба

Земајте ги таблетите за време на јадење. Таблетите може да се поделат на половина, или да се здробат, или да се проголтаат цели, или да се џвакаат.

Препорачано дозирање

Деца од 4 до 10 години: Препорачаната дневна доза е 2 таблети.

Деца над 10 години и возрасни: Дневната доза ја одредува лекар.

Децата со цистична фиброза треба да бидат под надзор на лекар и дозата треба да се прилагоди индивидуално преку следење на крвните нивоа согласно тежината на болеста и дефицитот на витамини.

ШТО СОДРЖАТ  АквАДЕКс®ТАБЛЕТИТЕ ЗА ЏВАКАЊЕ

Состојќи:

Активни супстанции

Содржина во

1 таблета

Содржина во

2 таблети

Содржина во

100g

Енергетска вредност

7.5 kcal (31 kJ)

15 kcal (62 kJ)

430 kcal (1800 kJ)

Вкупно масти

0 g

0 g

11 g

Вкупно јаглехидрати

1 g

2 g

57 g

Шеќер

0.5 g

1 g

31 g

Диететски влакна

0 g

0 g

2 g

Протеини

0 g

0 g

3 g

Витамин А (како 92% бета каротен и  8% палмитат)

9083.5 IE

18167 IE

519057 IE

Витамин Ц (како натриум аскорбат)

35 mg

70 mg

2000 mg

Витамин Д3 (како холекалциферол)

800 IE (20 mcg)

1600 IE (40 mcg)

45714 IE 1142 mcg)

Витамин Е (како d-алфа-токоферол и d-алфа-токоферил полиетилен гликол 1000 сукцинат)

50 IE (33.6 mg)

100 IE (67.2 mg)

2857 IE (1917 mg)

Витамин К1 (како фитонадион )

500 mcg

1000 mcg

28571 mcg

Тијамин  (како тијамин мононитрат)

0.75 mg

1.5 mg

42.9 mg

Рибофлавин (Витамин Б2)

0.85 mg

1.7 mg

48.6 mg

Ниацин (како  нијацинамид)

5 mg

10 mg

286 mg

Витамин Б6 (како пиридоксин хидрохлорид)

0.95 mg

1.9 mg

54.3 mg

Фолна киселина

100 mcg

200 mcg

5714 mcg

Витамин Б12 (како цијанкобаламин)

6 mcg

12 mcg

343 mcg

Биотин

50 mcg

100 mcg

2857 mcg

Пантотенска киселина (како калциум d-пантотенат)

6 mg

12 mg

343 mg

Цинк  (како цинк бисглицинат)

5 mg

10 mg

286 mg

Селен (како натриум селенит)

37.5 mcg

75 mcg

2143 mcg

Натриум

5 mg

10 mg

286 mg

Коензим Q10

5 mg

10 mg

286 mg

АквАДЕКс® таблетите за џвакање не содржат глутен и казеин.

Помошни супстанции: засладувач (декстроза), средство за зголемување на волуменот (дикалциум фосфат), засладувач (сорбитол), средство за зголемување на волуменот (целулоза), засладувач (фруктоза), агенс против стврднување (силициум диоксид), лубрикант (стеаринска киселина), засладувач (олигофруктоза), арома (природни и вештачки ароми), засладувач (еритритол), антиоксиданс (токоферол-збогатен екстракт), лубрикант (магнезиум стеарат), арома (лимонска киселина) арома (аскорбинска киселина), засладувач (сукралоза), засладувач (неохесперидин).

КАКО ДА СЕ ЧУВААТ  АквАДЕКс® ТАБЛЕТИТЕ ЗА ЏВАКАЊЕ И РОК НА УПОТРЕБА

Да се чува на места недостапни за деца!

Да не се употребува ако внатрешниот печат е скршен или недостасува.

Да не се употребува по датумот на истекот на рокот на употреба. Датумот на истекот на рокот на употреба е втиснат на шишето.

Да се чува на собна температура заштитено од светлина.

ПАКУВАЊЕ:

Пластично шише со 60 таблети за џвакање.

 

 

Производител