About us snippet

За Компанијата

ПФЦ Траде од Скопје е основан 1992 година како приватно претпријатие. Дејност на претпријатието е трговија на големо со лекови, медицински помагала и хемикалии.

ПФЦ Траде е застапник и дистрибутер на светски реномирани производители меѓу кои спаѓаат: Dr. Falk Pharma GmbH, Medi-Globe GmbH, Schülke & Mayr GmbH, Arcana, Yasoo Health и MIC.

ПФЦ Траде од 1994 година е застапник и дистрибутер на реномираниот производител на лекови од Германија,Dr. Falk Pharma GmbH, специјализиран за гастроентерохепатолошки заболувања. Фабриката ги поседува следниве сертификати: GMP, ISO 9001, 13485, Directive 93/42/EEC Annex V.

ПФЦ Траде од 1995 година во Македонија е застапник и дистрибутер и на професионални средства за чистење и дезинфекција на реномираниот производител на фармацевтски производи, медицински помагала и биоциди,Schülke & Mayr GmbHод Германија. Компанијата ги поседува следниве сертификати: GMP, ISO 9001, ISO 13485, Directive 93/42/EEC Annex II, EMAS II (EG Nr. 761/2001) сертификат за заштита на животната средина, ISO 14001.

ПФЦ Траде од 1997 година е застапник и дистрибутер на тестовите за хеликобактер Pronto Dry од фабриката MIC (Medical Instruments Corporation) од Швајцарија и нејзината ќерка компанија JEM Medical.

ПФЦ Траде од 2006 година е застапник и дистрибутер на производите на реномираната фабрика Medi-Globe GmbH, која произведува медицински помагала. Medi-Globe GmbH е сертифициран согласно ISO 13485, GMP и сите производи носат CE ознака, ги исполнува сите барања на меѓународните здравствени системи како што се американската администрација за храна и лекови (FDA), канадските регулативи за медицински апарати (CMDR), како и јапонските закони за фармација (JPAL).

ПФЦ Траде од 2008 година започнува и со дистрибуција на професионални средства за дезинфекција и чистење од програмата Arcana на производителотSchülke & Mayr GmbH, која е високо специјализирана за употреба во индустриите за производство и преработка на храна, објекти од јавен карактер, хотелските и угостителските објекти, училишта, трговски центри, деловни згради итн. Компанијата работи согласно сите германски стандарди, како што се DGHM, VAH, DVV, DVG, RKI, а производите ги исполнуваат и сите меѓународни (европски) стандарди.

ПФЦ Траде од 2014 годинa е застапник и дистрибутер на витамини и нутриционистички производите од реномираната американска фабрика Yasoo Health, која своите производи ги произведува согласно FDA и GMP стандарди и истите се независно тестирани за да ги исполнуваат стандардите за квалитет, чистота и стабилност пред да бидат пуштени во употреба.

За производите кои ги дистрибуира на македонскиот пазар, ПФЦ Траде поседува соодветни сертификати за квалитет и здравствена исправност, како и решенија на производите за пуштање во промет од овластените македонски институции.

image